fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Celebrity диета со пилешко, овошје и зеленчук

dieta

Со помош на оваа диета познатите тврдат дека успеваат да ослабнат и до 5 килограми за една недела. Тајната на „чудесната диета“ лежи во фактот дека храната која ја внесувате го прочистува организмот и дава помалку калории отколку што трошите. Сепак, нутриционистите препорачуваат дополнителен внес на мултивитамини и витамин Ц за време на диетата.

Прв ден – Овошје. Јадете било какво сезонско овошје, освен банани.

Втор ден – Зеленчук. Јадете само зеленчук – свеж, сиров, печен или варен. Избегнувајте грашок, грав и пченка. Може да изедете, на пример, печен компир со малку путер.

Трет ден – Овошје и зеленчук. Јадете како првите два дена, но овојпат исфрлете го компирот.

Четврти ден – Банани и млеко. На овој ден од диетата доволно е да изедете 8 банани и да испиете 8 чаши свежо млеко. Доколку не сте љубители на млекото, може да пиете обезмастен јогурт.

Петти ден – Пилешко и мисиркино месо. Јадете пилешко и мисиркино месо – печено, варено и вкупно до шест домати во текот на денот. Погрижете се да испиете чаша вода после секое јадење на домати.

Шестти ден – Месо и зеленчук. Од месо дозволено е да јадете пилешко и мисиркино, и јадете билокаков зеленчук освен компир.

Седми ден – Волшебна супа. За да ја подготвите волшебната супа ви треба- 1-2 конзерви домати, половина главица кромид, 1 главица зелка, 1 врзоп целер и една ќесичка супа. Зеленчукот исцедете го и ставете го во водата. Зачинете според вашиот вкус. Варете се заедно околу 10 минути, а потоа додадете ја супата од ќесичка. Супата е готова кога зеленчукот сосема омекне.


 

макмода

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close