Душаново, село во околината на српскиот град Лесковац е специфично по тоа што целото село живее од производство на јагоди, односно во секоја куќа тоа е семеен бизнис.
Семејствата со децении садат јагоди, пишува српски Телеграф.
Селото има 287 хектари обработливо земјиште, од кои 45 хектари се под јагоди.
30 хектари се засадени со вишни и 15 хектари со сливи.
Се нуди квалитетен род на потрошувачите, а повеќето производители се задоволни со откупната цена.