fbpx
Вести

Цената на свинското месо на најниска можна точка

Четврти месец цената на свинското месо на најниска можна точка досега. Одгледувачите на товеници се жалат на ниската откупна цена која сега се движи од 70 до 75 денари за килограм жива мера. Задржувањето на ова цена подолго време ќе биде погубна за дел од сточарските фарми, на кои им се заканува опасност од затварање – алармираат од Асоцијацијата на земјоделци.

cenata na svinskoto meso na najniska mozhna tochka

 

Од таму бараат итни мерки за спас на оваа сточарска гранка. Предлогот доставен до надлежните е одгледувачите да добијат дополнителни субвенции за предадените товеници во кланици и за складирање на вишокот на замрзнато свинско месо.

Дополнителните субвенции од 45 евра што Европската унија ги дава за извоз на свинското месо на трети пазари ги доведе сточарите во регионот во незавидна и тешка ситуација, смета Шаклев според кој сите земјоделски производи имаат ниска цена на пазарот. Причината за ова, според него, е појавата на суфицит на производство поради затворањето на рускиот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close