Циметот може да помогне во топењето на масните наслаги, покажала новата студија која ја спровеле стручњаците од Универзитетот Мичиген.
Синамалдехид, органско соединение, е етерично масло во циметот кое му дава вкус. Претходните истражувања спроведени на глувци покажале дека синамалдехидот штити од дебелина и хипогликемија.
Тимот на истражувачи од Мичиген одлучил да тестира како ова соединение влијае на масните клетки кај луѓето.
Собрале матични клетки на донори со различни години, тежина и националност. Овие масни ткива можеле да станат масни клетки доколку се најдат во човечкото тело. Овие масни клетки, наречени адипоцити, ја складираат енергијата во облик на липиди во изобилство и ги горат во текот на вежбањето. Тимот исто така ги проучувал мускулните ткива.
Резултатите, како што истакнуваат стручњаците, ги потврдиле претходните истражувања кои покажуваат дека синамалдехидот спречува дебелина.
Стручњаците додаваат дека многу лекови против дебелината би можеле да бидат заменети со третман базиран на цимет. Оние кои циметот го користат за губиток на тежината знаат дека е тешко да се консумира во поголеми количини. Иако цинамалдехидот во циметот ги согорува липидите, нема студија која би покажала несакани ефекти кај луѓето пред консумирање на ова соединение. Се знае дека во мали дози е сигурен за консумирање.
Валентина Соколовска
за Зелена берза