fbpx
Вести

Цветков одржа состанок со производителите на пченица

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков одржа состанок со производителите на пченица од повеќе земјоделските здруженија.

cvetkov odrzha sostanok so proizvoditelite na pchenica

 

– Целта на состанокот беше да се разгледа моменталната состојба и сите прашања за поуспешен откуп на пченицата од претстојната жетва, со оглед на тоа што се очекува оваа производна година да биде исклучително поволна и натпросечно родна. Од насеаните 80.000 хектари или скоро 10.000 хектари повеќе од лани, се очекува да се оствари производство од околу 240.000 тони што е за околу 25 отсто повеќе од 2015 година, информира МЗШВ.

Поради поголемите приноси и малите сместувачки капацитети на земјоделците, министерот Цветков ги информирал земјоделците дека министерството ќе формира тим кој ќе ги посети поголемите силоси во земјава со цел да се согледаат реалните можности за складирање на пченицата.

По направените анализи, како што се наведува, договорено е во текот на идната недела да се одржи уште еден состанок.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close