Субвенционирање на дел од цената за ускладиштување на пченицата во траење од 6 месеци, пченицата која ќе се купува за домашните резерви да биде исклучиво од македонско потекло. Интервентен откуп на пченица. Ова се трите мерки што министерот за земјоделие ги предложи при средба со производителите, со цел избегнување на проблемите со откупот на пченица.
Земјоделците се надеваат на откупна цена која нема да биде пониска од 11 денари за килограм.
Годинава се очекува приносот од пченица да достигне 300.000 тони, количина која ја немало изминатите 10 години. По средбите со земјоделците, министерот се сретна и со мелничарите.