fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Цел град поминав и не најдов зејтин, вели жител на Кочани

Во помалите градови „со врски“ се купуваат основни продукти

Цел град го пребаравме во саботата и никаде не ни дадоа масло за јадење. Дури вчера најдов во еден маркет, ама и тоа беше „со врски“, изјави за Фактор жителка на Кочани. Иако попладнето купи зејтин по 105 денари за литар, изјави дека на полицата немало, туку успеала да го земе со познат кој работи во маркетот. Во некои помали продавници во градот имало зејтин но давале само по два литри. Дали навистина нема залихи од овој производ, каде е маслото за јадење и дали некој сака да го задржи за да го продава поскапо? Надлежните упорно уверуваат дека не станува збор за недостиг, туку многу повеќе за зголемена побарувачка поради очекувања за поскапувања, но и манипулации и клакулации од трговците кои и покрај тоа што имаат залихи не ги продаваат. За ова веќе се изречени и глоби, а првиот човек на Државна пазарна инспекција Анета Симеска- Димоска вели дека само по овој основ се изречени глоби во вкупна вредност од 36.400 евра. Таа  потврди дека има пријава и за Кочани, но најави повеќе детали во текот на денешниот ден.

„Имаме пријава за Кочани, се постапува но се што е утврдено ќе ви соопштам утре, изјави за Фактор директорката на Пазарна инспекција вчера попладнето.

Таа вели дека трговците имаа резерви што ги набавиле претходно па продаваа по таа набавна цена. Очекувањата се сега да се набавува по повисока цена и зејтинот да е поскап и во продавници. Во текот на викендот, барем во поголемите маркети имаше масло за јадење, некаде по цена и под 90 денари.

Владата од друга страна одлучи со нула ДДВ да се продаваат лебот, брашното ТИП 400, јајцата, млекото, шеќерот, месото, оризот и маслото за јадење. Тие сепак не поевтинија со мерката, а многу трговци не ја почитуваа одлуката и не се прилагодија.

Управата за јавни приходи (УЈП) во петокот и саботата извршила 611 контроли на територијата на цела држава при што кај 114 даночни обврзници биле констатирани неправилности во однос на спроведување на одлуката за ослободување од ДДВ на основните прехранбени продукти.https://faktor.mk/cel-grad-pominav-i-ne-najdov-zejtin-vo-pomalite-gradovi-so-vrski-se-kupuvaat-osnovni-produkti

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close