fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Црна Река се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште, УХМР со предупредување

Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште.

Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села  Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште.

Како што информира УХМР, според добиените податоци од хидролошките станици низ земјава, најкритично во поглед на излевање на реките е во горниот дел од сливот на реката Вардар каде во Полошката Котлина се можни локални излевања и појави на заезерување на водата. потоа, о сливот на реката Треска каде значително е повисок водостојот и можни се локални излевања по течението на реката. Во Охридско-Преспанскиот регион каде повисок е водостојот на реката Ресенска (Голема) и можни се заезерувања на водата, во сливот на реката Сатеска и коселска, каде е можно да дојде до излевања.

исто така, Црна Река можно е да направи заезерувања на водата особено во Пелагониската котлина и Битолско-прилепскиот крај.

На истокот од земјата зголемен е водостојот на горниот дел од реката брегалница, како и во сливот на Крива Река и Пчиња.

До крајот на денот се очекува висок водостој на реките, но поради заладување на времето и врнежи претежно од снег на планините, има тенденција за негово постепено стагнирање.

До крајот на денот се очекува зголемување на водостојот на реката вардар во средното течение, во Скопје и низводно до Велес. исто така во долниот дел на реката Црна.

Од УХМР предупредуваат за претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

 

Слични написи

Back to top button
Close