fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Да се донесе законот за задруги, бараат од Мрежата на земјоделски задруги

Пратениците побрзо да го донесат законот за земјоделски задруги што подолго време е заглавен во Собранието, а Платежната агенција да го распише огласот за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење земјоделска дејност согласно Програмата за рурален развој, бара Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ).

Мрежата која вчера одржа вонредно изборно собрание, порачува дека „поддршката на земјоделството и производството на храна не трпи одложувања и политички надмудрувања“.

-Не можеме да оставиме партиите да ни ги решаваат проблемите со нивната неконструктивна, конкурентска борба. Одиме кон бездната, ни треба дијалог. Нашите очекувања се дека, итно, надпартиски, како општествена и цивилизациска одговорност, сите чинители во државата ќе ги поддржат мерките за одржливо земјоделство, наведува Мрежата.

Собранието донесе одлука за одбележување на Меѓународниот ден на задругите на 2 јули 2022 под мотото „Задругите градат подобар свет“.

Вонредното изборно Собрание се одржа поради прерано починатиот претседател на МЗЗ, Менде Ивановски. За негов заменик членовите го избраа Ѓорги Арнаудов од Гевгелија, а за извршен директор Владо Ивановски од Ресен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close