Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дали за 800.000 евра ЗИК Пелагонија ќе оди во стечај? На сметката „немало ниту еден денар“ за извршување

Во предлогот за претходна стечајна постапка предложен е и привремен стечаен управител, а според соопштението на стечајниот судија, се работи за долг од 800.000 евра, за кој што доверителот имал судско решение за наплата. Рочиштето е закажано за 5 ноември, иако неофицијално се очекува двете страни да се договорат во меѓувреме.

„Агроефодиа“, фирма од Струмица за вештачки ѓубрива со краен сопственик од Кипар, иницира пред Основниот суд во Битола предстечајна постапка за ЗК Пелагонија, акционерското друштво кое ја поседува најголемата житница во земјата, објави Фактор.

Во предлогот за претходна стечајна постапка предложен е и привремен стечаен управител, а според соопштението на стечајниот судија, се работи за долг од 800.000 евра, за кој што доверителот имал судско решение за наплата. Рочиштето е закажано за 5 ноември, иако неофицијално се очекува двете страни да се договорат во меѓувреме.

– Доверителот Агроефодиа Василево ДООЕЛ достави предлог до овој суд за отворање стечајна постапка над должникот ЗК Пелагонија АД Битола, наведувајќи дека има побарување од должникот по правосилна и извршна пресуда од 25 јануари 2025 на Основен суд Битола, потврдена со пресуда на Апелационен суд од 8 јуни 2026, во износ од околу 48.000.000 пллус камата и трошоци, при што достави примероци од овие одлуки, наведено е во соопштението на стечајниот судија.

Во истата информација е наведено дека од „Агроефодиа“ се решиле на ваков чекор поради тоа што претходно не успеале да си го наплатат долгот преку извршител, затоа што немало пари на сметката, односно „ниту еден денар“ како што е соопштено.

Извор https://faktor.mk/dali-za-800000-evra-zik-pelagonija-kje-odi-vo-stechajna-smetkata-nemalo-nitu-eden-denar-za-izvrshuvanje

Поврзани новости

Back to top button