Денес започна испораката на стручна опрема до 6 стручни средни училишта во државата
Синпекс Доо Битола денес започна со ипорака на стручна опрема до 6 средни стручни училишта во државата. Станува збор за испорака и инсталација на стручна опрема за средни училишта од секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство. Се работи за проект што го реализира Министерството за образование и наука вреден над 15 милиони денари, велат од Синпекс ДОО Битола, компанија застапник и дистрибутер на најсовремена земјоделска механизација и опрема од познати светски брендови.
Во рамки на склучениот договор 4 училишта ќе добијат Соларна сушара за овошје и зеленчук, 5 училишта ќе добијат Трактор со приклучна механизација (двобразден рамничен плуг, клинеста брана, ѓубрерастурач). Машини за заштита на растенијата ( атомизер, прскалка, фумигатор) ќе добијат 5 училишта. Моторен култиватор со приклучна механизација, фреза , косачка и плуг ќе добијат 6 училишта, додека 3 ќе добијат метео станица. 4 училишта ќе добијат Основен сет на хирушки инструменти, заедно со Сет метални садови за чување на хируршки инструменти, сет инструменти за царски рез, а 3 училишта ќе добијат и Сет инструменти за вештачко осеменување.
Со ова стручна опрема ќе им се овозможи на учениците и наставниците да извршуваат активности кои ќе ја подобрат наставната програма, а учениците ќе имаат можност практично да се сретнат и да научат да манипулираат со потребна опрема и механизација која во иднина ќе им биде секојдневие.
Со нова опрема ќе се здобијат следните училишта:
ССОУ „Киро Бурназ“ – Куманово,
СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп,
СУГС “Браќа Миладиновци“- Скопје,
СОУ „Димитар Влахов“ –Струмица
СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе
СОСУ „ Моша Пијаде“ – Тетово
Испораката на потребната опрема ќе треба да заврши до средината на месец април, информираат од Синпекс ДОО Битола.
П.Ј.