Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денеска без полициски час, од утре ќе трае четири часа
Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам
Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам, а веќе од утре тој ќе биде скратен и ќе трае од полноќ до 4 часот наутро. Владата вчера ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести и ги олабави рестриктивните мерки до 18 мај.
Се продолжува и работното време на угостителските објекти до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.
Од денеска почнуваат со работа и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа. Се дозволува и организирање на инвент настани, но за нив, ќе важат истите протоколи од претходно, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.
Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика.
Засега, како што во понеделникот изјави министерот за здравство Венко Филипче, останува забраната за свадби и концерти, а се уште е рано и за неносење на заштитни маски на отворено.
– Се уште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави Филипче во одговорот на новинарско прашање, додавајќи дека треба да се причека уште недела до две за една ваква препорака.https://nezavisen.mk/olabaveni-restriktivnite-merki-deneska-bez-policiski-chas-od-utre-kje-trae-chetiri-chasa/