fbpx
Агро бизнисВестиВкусот на традицијатаМакедонијаРурален туризамТоп вести

Денеска се празнува Свети Николај Чудотворец

Напомош денот, среќа и радост во фамилиите!

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во нашата земја го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците…

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства ве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Овој све­тец имал мно­гу воз­буд­ли­ва жи­вот­на при­казна, ко­ја со ве­ко­ви ги фас­ци­ни­ра хрис­ти­ја­ните. Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода.

Свети Николај Чудотворец се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Имен­ден праз­ну­ваат: Ни­кола, Нино, Ни­ко­лина, Коле…

Во жи­во­тот на на­ши­от чо­век по­себ­но зна­чај­но мес­то има све­ти Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки – Чу­дот­во­рец, ко­го мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­ни служ­би и со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. Иа­ко по­ве­ќе се праз­ну­ва де­нот на не­го­во­то упо­ко­ју­ва­ње 19/6 де­кем­ври (праз­ник поз­нат ка­ко зим­ски Св. Ни­ко­ла или Св. Ни­ко­ла – зи­мен), се­пак вни­ма­ние му се по­све­ту­ва и на де­нот на пре­не­су­ва­ње­то на мош­ти­те на све­ти Ни­ко­ла од Мир (во Ли­кија) во Ба­ри (Ита­лија) на 22/9 мај (праз­ник ме­ѓу на­ро­дот поз­нат ка­ко ле­тен Св. Ни­кола).

Слични написи

Back to top button
Close