Денеска завршува рокот за прoдавање на зелка кај регистрирани откупувачи, што е услов за добивање на 3 денари субвенција
Субвенцијата е во рамки на мерката „Директни плаќања за зелка од домашно производство предадена во период од 5 април до 5 мај 2020 година во регистрирани откупни центри“, од Програмата за директни плаќања.
Денеска завршува рокот за прoдавање на зелка кај регистрирани откупувачи, што е услов за земјоделците производители на зелка да ја добијат интеврентната субвенција од 3 денари за продадена зелка.
Субвенцијата е во рамки на мерката „Директни плаќања за зелка од домашно производство предадена во период од 5 април до 5 мај 2020 година во регистрирани откупни центри“, од Програмата за директни плаќања.
Интервентна субвенцијa од 3 денари по килограм за продадена зелка ќе добијат сите земјоделци кои произведената зелка ја продале од 5-ти април заклучно со денешниот ден. Сите количини предадени по овој рок, нема да бидат опфатени со оваа мерка.
Владата на Република Северна Македонија ја донесе оваа интервентна мерка за стабилизирање пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.
Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот рљазвој, посочуваат, земјоделците да ги чуваат документите кои им се издадени од откупните центри, коишто понатаму ќе им служат како доказ за дополнителната мерка и финансиката поддршка од 3 денари по килограм продадена зелка кај регистриран откупувач.
За добивање на финансиска поддршка за оваа мерка, земјоделците ќе можат да поднесат барање до Платежната агенција, како и секоја година до 25 ти декември, информираат од МЗШВ.