fbpx
Вести

Денови на овчарството во Маврово по 12 пат

Маврово вчера беше домаќин на традиционалната манифестација Денови на овчарство, која се одржа по дванаесетти пат. Посетителите имаа можност да проследат натпревар во стрижење овци, борба на пеливани и да дегустираат овчо сирење и кашкавал.

На отворањето на настанот се обрати заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Благе Цветковиќ кој потенцираше дека министерството ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација која претставува можност на едно место да се соберат,  производителите, преработувачите од Македонија и од регионот, и експерти од областа на сточарството.

„Македонија е земја препознаена по македонското јагне, старото македонско овчо бело сирење, како и прочуениот кашкавал. Целите на Владата на Република Македонија и мерките на министерството за  земјоделство, водостопанство и шумарство во овчарското производство се зголемување на бројот и подобрување на расната структура во стадата на овци во Македонија. Токму преку  програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година овчарството финансиски се поддржува со низа мерки“, истакна Цветковиќ.

Градоначалникот на општина Маврово Ростуше Медат Куртовски, во своето обраќање рече дека манифестацијата е од посебен интерес за општината, и дека во иднина ќе се вложат напори да прерасне во интернационална.

Денови на овчарството е во организација на Регионалнотото здружение на овчари од Западна Македонија во соработка со ЈП за пасишта, а со поддршка на Министерството за земјоделие.

 


 

гостиварпресс

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close