fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Димковски: Бидејќи се работи за ИПАРД програмата работиме да се обезбеди еден подолг рок

Се работи на пролонгирање на рокот за поднесување на барања за Мерка 1 од ИПАРД Програмата. Ова беше речено на денешната прес конференција што ја одржа Министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска одржа прес конференција за состојбата со ширењето на вирусот Ковид 19 и неговото влијание врз земјоделството во нашата држава. Покрај  останатото Димковски одговори и на прашањето дали ќе се пролонгира рокот за поднесување на апликации за Мерка 1 Инвестиции во материјални средства по ИПАРД Програмата. Рече дека работат да обезбедат подолг рок од оној што во моментов го овозможува законот.

-Имајќи го на ум она што се случува разговараме со платежната агенција исе бараат начини, бидејќи законски може  рокот да се продолжи само 15 дена но она што сакаме ние да го направиме бидејќи се работи за ИПАРД програмата работиме да се обезбеди еден подол г рок.

Во договор и соработка со претставниците  од Брисел, бидејќи се работи за ИПАРД програмата работиме да овозможиме еден подолг рок за да се избегнат  гужви и да не се прават избрзани работи, односно собирање на луѓето и да брзаат по документациите бидејќи знаеме кои  се сите мерки што ги презема Владата во делот на работењето на институциите, изјави Димковски на денешната прес конференција.

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close