fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

До 2030 дваесет и пет отсто од земјиштето да биде посветено на органското производство.

Ден на органската храна во ЕУ

Од денеска 23 септември во ЕУ ќе биде “органски ден“ или ден на органската храна и земјоделство, најави еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски.
Целта е до 2030 дваесет и пет отсто од земјиштето да биде посветено на органското производство. Европската Комисија смета дека е ова е амбициозна цел која ќе може да се постигне благодарение на низата конкретни мерки што ги нуди за земјоделците за да се развие и побарувачката и производството и одржливоста.
Фокусот, вели ЕК, е ставен на малите и средните производители и се работи на тоа да им се помогне да постигнат високи стандарди за да одговорат на растечката побарувачка.
Имено меѓу 2009 и 2019 година продажбата на органски производи е зголемена за 128 отсто, потсети еврокомесарот.
Комисијата го одбра 23 септември како прв ден на есента и симбол на балансот помеѓу денот и ноќта и природниот циклус на сезоните.
-Органското земјоделство ги балансира потребите за производство на храна и за заштита на климата и нѐ потсетува дека треба да има баланс и помеѓу сите чинители во ланецот на производство, рече еврокомесарот на денешната прес конференција.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close