
Агро бизнисВестиТоп вести
До четврток ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време
Од петок се очекува постепен пораст на температурата.
Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток ќе преовладува променливо облачно, посвежо и нестабилно време. Ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од петок се очекува постепен пораст на температурата.