fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најлонските кеси ќе чинат 15 денари

Маркетите ќе бидат обврзани да даваат хартиени кеси или други алтернативи, а според досегашните информации, ова најверојатно ќе се регулира со правилник.

Пластичните кеси стануваат луксуз од први декември годинава, па наместо денар или два, пластична кеса во маркет ќе можете да купите за 15 денари. Ова е дел од пакет-законите кои вчера ги донесе Собранието, а кои имаат за цел користењето на пластиката да се сведе на минимум.

Од друга страна, маркетите ќе бидат обврзани да даваат хартиени кеси или други алтернативи, а според досегашните информации, ова најверојатно ќе се регулира со правилник. За парите од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

– Со оваа законска регулатива ќе имаме практично целосен систем за третман и управување со оптадот. Што помала количина на отпад да завршува на депониите. Односно, производите коишто ги користиме да бидат подложни на реупотреба, преработка, рециклирање, и на крајот сосема мала количина којашто не може да се употребува, да се рециклира, да остане за депониите – вели Морачанин.

Од Иницијативата за забрана на пластични кеси велат дека законите се какво-такво подобрување. Сепак, за нив е несфатливо зошто се носи забрана за пакувања со пластика за една употреба само за рестораните во природно заштитените подрачја. Велат, ваквата пластика треба да се забрани секаде како што тоа летово го направи целата Европска Унија.

– Ова е веќе втора забрана, втора законска забрана за пластични кеси кај нас после онаа од 2012 година кога исто беа забранети. Меѓутоа со подзаконски акт спротивен на законот таа забрана беше анулирана, стана неважечка бидејќи во скоро сите сектори добија олеснување и продолжија да се користат пластичните кеси кај нас – вели Снежана Василевска од Иницијативата за забрана за пластични кеси.

И Морачанин и Василевска се согласни дека новата цена на пластичните кеси ќе ги одврати граѓаните од нивно купување. Ваквата мерка треба да ги натера граѓаните да користат платнени кеси и торби во маркетите.https://plusinfo.mk/torbata-v-eb-i-pravo-vo-market-na-lonskite-kesi-e-chinat-15-denari/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close