
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
До крајот на оваа седмица, облачно со повремени врнежи од дожд
По градовите минимална температура ова утро е во интервал од 6°C во Крушево до 13°C во Демир Капија. Најмногу дожд за изминатите 24 часа до 07 часот наврна во Маврови Анови 31 l/m².
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m²).