вестиВиноТоп вести

До септември се очекува да биде отворен Музејот на виното во Кавадарци

„Кавадарци и регионот ќе добијат вински музеј кој ќе биде од големо значење и за туризмот и за развивање на Вардарскиот регион“, вели Јанчев.

До септември годинава се очекува да биде отворен Музејот на виното во Кавадарци, најавија денеска градоначалникот Митко Јанчев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Игор Андреев.

По направениот увид во работите на новиот Музеј, тие истакнаа дека изградбата вредна 7,5 милиони денари е со кофинансирање од Министерството и Бирото за регионален развој, но од вкупната сума, три милиони денари се општински пари.

-Кавадарци и регионот ќе добијат вински музеј кој ќе биде од големо значење и за туризмот и за развивање на Вардарскиот регион познат по виновата лоза и по производството на вино. Во овој музеј посетителите ќе може да се запознаат со лозарството и винарството, рече Јанчев.

Како што дополни министерот Милевски, Музејот ќе ја зголеми и туристичката понуда. Во него ќе се дегустираат вина, ќе се организираат промоции, предавања, обуки, работилници поврзани со виното. Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

 

Слични написи

Back to top button
Close