вестиСоветиТоп вести

Добри земјоделски практики, придонес за одржливо земјоделство

 

Проф.Д – р Борис Анакиев

ДЕЛ

Концептот Добра земјоделска практика( ДЗП ),се разви во врска со брзите промени и глобализацијата во земјоделството и прехрамбената индустрија, а како резултат на одговорноста и работата на низа заинтересирани субјекти за производство на здравствено безбедна храна и безбедно,стабилно земјоделство и зачувување на животната средина. Заинтересираните субјекти се владите, прехрамбената индустрија и пазарот на мало, фармерите и потроушувачите, кои настојуваат да ги постигнат целите за безбедна и квалитетна храна, за ефективно производство за исхрана на населението и заштита на животната средина, на среднорочен и долгорочен план. Добрата земјоделска пракса предлага начини за постигнување на тие цели.

На поширок план ДЗП применува расположливи знаење за решавање на проблемите сврзани со еколошката, економската и социјалната одржливост на земјоделството и производните процеси за да се осигура безбедна и квалитетна храна и земјоделски суровини.Многу земјоделци во развиените и во земјите во развој веќе ги применуваат добрите земјоделски практики преку одржливи земјоделски мерки, како што се: интегрирана растителна заштита, интегрирано управување во производството на храна и заштита на животната средина со таканаречено штедливо земјоделство. Овие методи се олеснувани и подржувани од многу владини програми и политики. ДПЗ е официјално прифатено во меѓународната регулатива за намалување на ризиците сврзани со користење на пестицидите имајќи ги во предвид: здравјето на производителите и опшеството, заштита на животната средина и усогласеност со безбедноста. Користењето на ДПЗ, исто така промовира приватна сопственост преку неформални практични правила и показатели,развиени од преработувачите на храна и трговците на мало, во одговор на барањето на потрошувачите за оддржливо и здравствено безбедно производство на храна.

Грижата за безбедна и квалитетна храна во целиот синџир на производството започна со изработка во COAG, прифаќајќи дека одговорноста за обезбедување на безбедна по здравјето и квалитетна храна се применува по целата должина на прехрабрениот систем од сите уцесници во примарното производство, преработката, трговијата на големо и мало, се до потрошувачите. Овој подем покажува дека ДПЗ треба да биде проширен по целиот прехрамбен синџир, но главно се подвлекува примарното производство и преработката.

ДПЗ претставува голем број потфати и примени сообразно со минимални задолженија кои треба да ги запазуваат земјоделците што ќе гарантира доволно ниво на заштита на природните ресурси од загадување и оштетување ќе придонесува за намалување на глобалното затоплување.Целиот текст може да се прочита на следниот линк.

извор: Фактор

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close