fbpx
Вести

Доколку се посветите, во Македонија може да се живее од пчеларство

pcelarstvo

Медот бил, е, и останува еликсир на животот. Тој е високохранлива и квалитетна материја, со широк спектар на превентивно и лековито дејство. Медот е многу важна дел од исхраната и лек за малите деца, за организам што се развива и расте, за луѓе што заостануваат во развојот, анемични и слаби луѓе на постара возраст, со еден збор, медот е корисен за секој човек.

Македонија има одлични услови за производство на здрава, органска храна, вклучувајќи ги медот и пчелните производи. Како хранлив и лековит производ, медот треба да биде секојдневно застапен на нашата трпеза.

Домашните произведувачи на мед во Македонија велат дека од пчеларството може пристојно да се живее, меѓутоа, пред да се обезбедат приходи од пчеларството, потребно е да се вложи повеќе труд отколку пари.

Во Македонија постојат над 4.000 пчелари, со повеќе од 80.000 пчелни семејства, од кои 2,1 отсто имаат над 150 пчелни семејства, речиси 30 отсто имаат од 50 до 150 пчелни семејства, 49,4 отсто од 20 до 50, а 18,4 отсто од едно до 20 пчелни семејства. Најмногу од пчеларите во земјава, дури 83,5 отсто, практикуваат стационарно пчеларење, кое дава помал принос, а само 16,5 отсто селидбено пчеларење.

Од едно пчелно семејство во Македонија, во просек се добиваат по 12 килограми мед годишно, а на годишно ниво се троши само по 700 грама мед по жител.

 


 

скопјеинфо.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close