fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Домашните домати стигнаа до 220 денари за килограм

Земјоделците велат дека во однос на лани, значајно се зголемени трошоците за производство, но и дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат земјоделските производи и онаа до крајниот потрошувач.

Доматите од оранжериите во Кочани и во Штип најчесто се продаваат по цени од 180 до 220 денари на зелените пазари, а пролетната зелка што до скоро се продаваше по 70 денари за еден килограм, сега може да се најде и по 45 денариКраставиците, пак, граѓаните може да ги купат за околу 120 денари за килограм, пишува Слободен печат.

Земјоделците велат дека во однос на лани, значајно се зголемени трошоците за производство, но и дека има голема разлика меѓу цените по кои тие ги продаваат земјоделските производи и онаа до крајниот потрошувач, па сметаат дека трговците прават преголем ќар на сметка на нивната мака.

– Доматите на големо, од кај нас, се продаваат по 100 до 120 денари за еден килограм. Моменталната цена на краставиците е од 60 до 80 денари. Цената на зелката е 15 денари за еден килограм и таа е катастрофална. Минатата година беше меѓу 20 и 30 денари за еден килограм.  Од друга страна, зелката сега нема и каде да ја пласираме. Годинава значително се зголемија и трошоците за производство, како за нафтата, за греењето за оранжериите, а и за ѓубривото – вели Ристо Велков, претседател на Здружението „Агросојуз“ од Струмица.

Тој вели дека минатата година, производителите на градинарски култури поминале одлично со цените, па дел од нив се охрабриле да ги зголемат површините. Но, со енергетската криза и со руско-украинскиот конфликт, математиките за трошоците сосема се промениле.

– Колку за илустрација, една вреќа од 20 килограми ѓубриво лани чинеше 450 денари, а годинава е 1.500 денари. Овие цени и не се за изненадување ако се земе предвид дека Украина е најголемиот производител на ѓубрива на азот во свет – вели Велков.

Тој забележува дека со вакви ниски цени на пролетната зелка, може да се доведат во прашање и индустриските пиперки и краставици што се садат како втора култура.

– Ако не се извадат пари од зелката, како земјоделците да се впуштаат во нови инвестиции за нови насади? Ако, пак, не се насади доволно индустриска пиперка и краставици, тоа може да предизвика проблеми кај преработувачите, тие да не можат да најдат суровина за работа – вели Велков.

Велков посочува дека веќе редовен непријател на земјоделците се и климатските промени и затоа потенцира дека е неопходна посоодветна земјоделска политика во државава.https://www.slobodenpecat.mk/domashnite-domati-stignaa-do-220-denari-za-kilogram/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close