fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Доматите штитат од згрутчување на крвта

Доматите можат да бидат одлично средство за спречување на ова заболување – помагаат да се разреди крвта и со тоа, за намалување на можноста од тромбоза, се вели во заклучокот на научен труд од Шкотска.

Епидемијата на коронавирус која беснее низ светот трета година по ред, предизвика поголем број луѓе кои се заразиле да страдаат и од згрутчување на крвта, пишува 161.ru. Доматите можат да бидат одлично средство за спречување на ова заболување – помагаат да се разреди крвта и со тоа, за намалување на можноста од тромбоза, се вели во заклучокот на научен труд од Шкотска.

Истражувачите спровеле експеримент со 200 доброволци. Според резултатите, секојдневното јадење домати ја разредува крвта и до 70 отсто. Последиците се регистрирани кај 97 отсто од учесниците. Испитувачите го поврзуваат тоа со присуството на антитромботичните елементи во ова овошје – флавоноидите.

Покрај тоа, високата содржина на ликопен во доматот ги одржува клетките здрави. Се препорачува доматите да се јадат и свежи, но и приготвени.

– По две минути варење или печење, количината на корисен ликопен се зголемува. Најголемата количина во доматната пулпа е до 1500 милиграми на килограм, објаснува нутриционистката Оксана Видра.

Доматите исто така спречуваат кардиоваскуларни болести, помагаат во борбата против воспаленијата и го подобруваат здравјето на очите поради големата количина на витаминот А.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close