вестиМакедонијаТоп вести

Дожд и град нанесоа огромни штети на тутунот и јачменот во с.Сливник општина Велес

За половина час вчерашното невреме предизвика 100%штети кај тутунот, а од 60-70% штети кај јачменот.

 

Невреме проследено со силен дожд и град предизвика огромени штети на житото и тутунот во атарот на с. Сливник општина Велес. Како што сведочи за Зелена берза Риан Имери од ова село невремето почнало околу 16 часот и траело околу 30 минути. Предизвикало огромни штети на земјоделските површини со јачмен и тутун.

-Имам 30 декари тутун и  20 декари си јачмен. Штетите се многу големи. Од тутунот ништо не остана. Тутунот што последно го посадивме  е како покосен, 100% е уништен, нема ништо. Поголемиот беше многу добар и требаше да почнеме да го береме, ама  сега целиот е уништен, вели Риан . Исто така големи штети имам и кај јачменот, некаде 60-70% има штета целиот е полегнат, не знам што ќе правиме, додава Риан.

Од невремето големи штети има и кај останатите земјоделци. Земјоделците се надеваат на помош од државата бидејќи иако се надевале на родна година, невремето за половна час им ги уништило сите надежи.

Фотографиите до редакцијата на Зелена берза ги испрати Риан Имери.

 

П.Ј.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close