Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Дождот ги уништи градинарските култури во Пелагонија
ВИДЕО-Обилните октомвриски дождови ќе ја пролонгираат есенската сеидба во најголемата житница, Пелагонија
Обилните октомвриски дождови ќе ја пролонгираат есенската сеидба во најголемата житница, Пелагонија, најмалку за еден месец. Досега наврнаа над 150 литри на метар квадратен, површините се презаситени со вода поради што земјоделците не можат да ги направат подготовките за оваа сложена земјоделска операција.
СОСТОЈБАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА НЕ Е ВООПШТО ПОВОЛНА, НЕ СЕ ОЖНЕАНИ ПЧЕНКИТЕ, СТРНИШТАТА НЕ СЕ ИЗОРАНИ, ЌЕ ДОЦНИ ЕСЕНСКАТА СЕИДБА НА ЈАЧМЕНОТ И ПЧЕНИЦАТА ВО ПЕЛАГОНИЈА, ВЕЛИ ЗЛАТЕ ЏУМКОВСКИ, ЗЕМЈОДЛЕЦ ОД ЛОГОВАРДИ.
Во вода и кал по нивите скапуваат и градинарските култури.https://telma.com.mk/2021/10/16/