
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Две момчиња од село Дебреште фатени со дрога во „фолксваген голф”
Лишени од слобода Р.Ј.(18) и Е.Ш.(18), двајцата од с.Дебреште
СВР Битола соопшти – На 12.02.2025 во 00.30 часот во близина на село Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Ј.(18) и Е.Ш.(18), двајцата од с.Дебреште. При преглед на патничко возило „фолксваген голф” со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Р.Ј., а сопатник бил Е.Ш., била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.