Две нови винарници во Демир Капија

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Две нови винарници ќе се градат во Демир Капија, најави градоначалникот, Трајче Димитриев. За првата од винарниците веќе е завршен тендерот за продажба на локацијата, додека, пак за втората, општината наскоро ќе распише тендер.

3eba4ab03f42ce4293d1ea2ca9ebcd4e-600x450

„Скопска компанија ја купи првата градежна парцела на која планираат да произведуваат вино за кинескиот пазар. Се работи за површина од 13.243 квадратни метри“, изјави Димитриев.

Тој посочува дека и за втората локација има заинтересирана компанија, која сака да произведува вино во шише од различни сорти на грозје, наменето за странските пазари. Димитриев вели дека има интерес и за производство и на шампањско во Демир Капија.