fbpx
ВестиВино

Две винарски визби не го платиле ланското грозје – Избришани се од регистарот

Само две винарски визби не ги исплатиле лозарите целосно за ланската реколта на винско грозје. Вкупниот долг е над 2 милиони евра соопштуват од МЗШВ. Од Државниот инспекторат за земјоделство посочуваат дека 92 отсто од ланскиот род им е платен на лозарите. Двете винарии почнале, но не ги доисплатиле производителите, во законскиот рок кој истече на 30ти минатиот месец.

dve vinarski vizbi ne go platile lanskoto grozje izbrishani se od registarot

 

Винариите откако ќе бидат избришани од Регистарот освен што ќе треба да ги исплатат лозарите, треба да платат 10 отсто од сумата во Буџетот на државата, за да можат повторно да бидат впишани.

Со најновите законски измени за 3 месеци се скрати рокот за исплата на откупеното грозје. За овогодинешната реколта  откупувачите ќе треба да ги исплатат лозарите до крајот на јануари следната година.

Лани беа откупени околу 160 000 тони грозје. Според последните статистички податоци производството на грозје лани во споредба со 2014 е зголемено за речиси 66 отсто.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close