fbpx
ВестиТоп вести

Две деца од Мусинци и Будаково се тешко повредни откако со мотор излетале од патот

Mотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот.

СВР Битола информира дека две деца се тешко повредни откако со мотор излетале од патот.

 

На 01.06.2025 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во с.Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close