fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Е-трговијата и пратките со откупнина ги зголемија пакетските услуги

Следејќи го движењето на пазарот забележително е дека корисниците се повеќе користат пратки од е-трговија

Давателите на поштенските услуги на слободниот пазар во првото полугодие од 2021 година имаат зголемување кај пакетските услуги за 76 проценти во однос на истиот период од претходната година. Тоа, според анализите на регулаторното тело – Агенцијата за пошти, е резултат на се поголемата понуда на е-трговијата и на пратките со откупнина и нивното зголемено користење.

-Следејќи го движењето на пазарот забележително е дека корисниците се повеќе користат пратки од е-трговија, и користат услуги за кои плаќаат во моментот на приемот на пратката. Електронската трговија одигра особено позитивна улога на давателите на поштенски услуги придвижувајќи го обемот на пратките низ нивните поштенски мрежи во време на опаѓање на обемот на писмата, велат од АП.

Нивните податоци покажуваат дека во вкупниот обем на пратки произлезени од е-трговија кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар во првата половина од минатата година 5.465 биле писма, а 106.090 пакети. Од вкупниот број пратки со откупнина, пак, кај приватните поштенски оператори се регистрирани 2.590 писма, како и 291.037 пакети.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close