fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Еднаш John Deere  за секогаш John Deere

Панде Дамчевски  од с.Оптичари битолско не го заборава моментот во далечната 2005 година,   кога бил во работна посета  преку Синпекс Битола, на фабриката во Германија каде што се произведуваат трактори . Вели дека  „луѓето така не се прегледуваат како што таму ги прегледуваат тракторите“. Воодушевен од таа посета тогаш купил мал трактор со кој бил презадоволен и успевал да ги завршува тогашните работи.  Како што се зголемувале земјоделските работи и потребата од нова механизација Панде одлучил да купи уште еден трактор, повторно John Deere, но овој пат со поголеми перформанси.

Трактор John Deere 6105 MC   е новата машина што во наредниот период на Панде  ќе треба да му ја олесни работата, а и да му донесе поголемо производство.

„Се одлучив за оваа марка трактор,  бидејќи бев многу задоволен од тракторот што го купив во 2005 година исто така марка  John Deere . И понатаму  доколку земјоделието  ми оди во позитива и  на добар пат, и ако имам потреба од некоја машина , пак ќе одберам John Deeree“, вели Панде Дамчевски.

Дамчевски обработува вкупно 60 ха земјоделска површина  со пченица и пченка. Задоволен е од постигнатите резултати и очекува  со новиот трактор да постигне поголема продуктивност.

Тракторот го набавил преку ИПАРД програмата со 65% поврат на инвестицијата.

„Со овој трактор  полека полека се комплетира потребната механизција  на овој индивидуален земјоделоц. Има набавено и тробразден плуг кој што ќе го влечи овој трактор со што комплетирано е оптималното производство на  пченка во овој пелагониски регион. На овој трактор може да се приклучи механизација  што одговара од 80 – 100 коња,  од плугови , прскалки, сеалки, сетво спремачи, цела потребна механизација,при што се постигнува заштеда на време, гориво и други ресурси“, објаснува Сашко Ефремов референт во Синпекс Битола, фирма која е генерален застапник на John Deere  за Македонија.

 

Дамчевски задоволен е од механизацијата само посочува на проблемот со недостиг на земјиште. Се надева дека со реализацијата на проектот за консолидација на земјиштето со кој е опфатено и с. Оптичари  ќе се средат проблемите со расцепканоста на земјиштето и  на овој план се надева на помош од државата.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close