Едни негодуваат, други тутунари се радуваат на 5 милиони евра на Хоџа
Бурни реакции предизвика кај тутунарите најавата на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа дека со петтиот пакет економски мерки, за справување со ковид кризата ќе бидат опфатени и тутунарите
Бурни реакции предизвика кај тутунарите најавата на министерот за земјоделие Арјанит Хоџа дека со петтиот пакет економски мерки, за справување со ковид кризата, Владата како погодена група на граѓани ги вклучи и производителите на тутун со тоа што предвидени се околу 5 милиони евра средства наменети за тутунопризводителите.
Голем гнев има кај дел од тутунарите членови на групата „Македонски тутунари“, додека поздравување и повеќе позитивни реакции кај членовите на „Тутунари од Македонија“.
Така Љупчо Јошевски пишува-
-Ајде уште едно понижување за тутунарите. Хоџа обезбедил 5 милиони евра за тутунарите.
Ајде сега ќе не залажуваат по 10 денари од кило ќе ни дадат, а најмалку по 100 ни зедоа.
Беда невидена е оваа власт за земјоделецот, пишува Јошевски, додавајќи „не ограбија во буквална смисла и ни го зедоа здравјето, а сега пак изигруваат херои и спасители, да се некој пари ајде де, ама за по 10 денари ајде ти се молам, ние сме сиромаси за многу..
Васко Јосифовски коментира-
Не е голема сум, нашите штети се повеќе од 1 евро по килограм, но се добредојдени, пишува Мирчески.
Тутунарот Лутфи Хоџа пишува-
-Секој денар е добредојден, само овие пари не се нивни пари, Владата не споредува со луѓе кои лежејќи зедоа пари, а нас потта не ни се суши цело лето, рмбајќи, пишува Хоџа.
А.Б