fbpx
Вести

Едукација на кривопаланечките пчелари за современо производство на пчелни продукти

pceli

Техники за современо производство на пчелни продукти и постигнување поголемо и посовремено пчеларство со нови апитехнички мерки, беше тема на работилницата што денеска се оддржа во Локалната установа „Градски музеј Крива Паланка“, во организација на Здружение на пчелари “Пчела”.

На работилницата, што имаше теоретски карактер, говореа Мирољуб Голубовски од Факултет за Земјоделство, шумарство и водостопанство и Бранко Соколов, инструктор по пчеларство.

– Ова е прва од вкупно петте предвидени работилници од проектот „Промоција на современи апитехнички методи за унапредување на производството на примарните пчелни производи и производство на матици”, што здружението го имплементира со финансиски средства-грант од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.Присутните пчелари слушнаа за современите техники на производство на мед, матичен млеч, прополис и пчелин отров.

-Покрај оваа работилница што ја посетија педесетина пчелари, во мај и јуни ќе се одржат уште четири практични теренски работилници, изјави Милош Славковиќ, секретар на “Пчела”.

Здружението “Пчела” брои 80 членови кои имаат најмалку дваесетина – триесет пчелни семејства, додека според регистрите на Веретинарна станица Крива Паланка и Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство во Крива Паланка има над двесте пчелари.


 

а1он

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close