вести

ЕК ќе им помогне на производителите на млеко со нови 500 милиони евра

Европската комисија претстави нов пакет мерки во вредност од 500 милиони евра, со кои ќе биде укажана помош на фармерите, кои во моментов продолжуваат да се соочуваат со потешкотии поради падот на цените на млечните производи.

ek kje im pomogne na proizvoditelite na mleko so novi 500 millioni evra

 

Потсетуваме дека по елиминацијата на млечните квоти на Стариот континент производството на млеко расте во услови на пад на откупните цени, а тоа се случува во услови на руското ембарго што пред извесно време беше продолжено до крајот на 2017-та година.

Помошта се доделува во услови на значителен притисок врз буџетот, истакна еврокомесарот за земјоделство Фил Хоган кој ги претстави мерките пред Советот на министрите за земјоделство на ЕУ, се вели во соопштението на ЕК.

Новиот пакет мерки вклучува три основни елементи:

– Шема со која ќе се стимулира редукцијата на производството на млеко во вредност од 150 милиони евра,

– Помош од 350 милиони евра во прилог на помош од земјите членки, кои е можно да се зголемат на национално ниво,

– Технички мерки кои ќе обезбедат флексибилност на секторот.

Деталите за помагање ќе бидат допрецизирани следната недела во консултација со експерти од земјите-членки.

Договорената помош доаѓа во прилог на веќе распределените 500 милиони евра за секторот во септември минатата година, се наведува во пораката.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close