Ексклузивно: Хоџа најави-Ќе барам да се укине 4 класа при откуп на тутунот
Министерот Арјанит Хоџа пред средбата со здруженијата на тутунари најави дека ќе бара да се укине 4 класа при проценка на тутунот.
На средбата со тутунарите тој рече дека е запознат со револтот на тутунопроизводителите кои се жалат на ниските откупни цени и дека ќе бара можност да се укине 4 класа, и дека сега се прават обиди да се види како е можно да се направи измена на правилникот да се укине 4 класа. Тој се надева дека само на тој начин може да се постигнат повисоки откупни цени.
Хоџа смета дека годинава тутунот не е со квалитет како лани, но барем да се постигне по нормална просечна цена, а не толку драстично пониска во однос на ланските цени. Хоџа вели дека ќе биде во тек со целиот процес на откуп на тутунот , досега биле откупени околу 256 тони тутун со просечна откупна цена од 163 ден.
З.Б.