fbpx
Вести

ЕУ ги заострува контролите во прехрамбената индустрија

meso
Food quality control expert inspecting at meat specimen in the laboratory

Европската унија во средата ги заостри контролите на производите од прехрамбената индустрија во Европа со усвојување на законот со кој би требало да се спречи појава на скандал, сличен на оној со коњското месо.

„Храната во Европа мора да биде со нулта ризик и безбедна“, изјави пратеничката во Европскиот парламент Карин Каденбек од Австрија која го претстави законот во текот на седницата на ЕП во Стразбур, пренесува агенцијата Франс прес.

Потрошувачите мораат да бидат поштедени од измамите, како што тоа беше случај во скландалот со коњското месо, дури и ако тие директно не му штетат на здравјето на човекот, додаде таа.

Новиот закон, кој веќе го одобрија 28 земји членки, има за цел да го унапреди следењето на безбедноста на храната, борбата против измами и да се поврати довербата во интегритетот на ланците за храна.

Усвоените мерки, преложени за прв пат во мај 2013 година, подразбираат посторги инспекции и казни за компаниите за кои ќе се утврди дека намерно ги измамиле потрошувачите.

Освен тоа, од националните власти ќе биде побарано повнимателно да ја контролираат прехрамбената индустрија и да спроведат ненајавени контроли за содржината и стандардите.

Милиони Европејци во 2013 година беа шокирани дека е долга листата со артикли во продавниците означени како свинско или говедско месо, а всушност станувало збор за коњско месо, по што, мноштво производи беа повлечени од продажбата.


 

денар

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close