ЕУ ја стави Македонија на „сивата листа“ на даночни раеви
Европската унија ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, истовремено додавајќи ја Северна Македонија
Европската унија ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, истовремено додавајќи ја Северна Македонија на „сивата листа“, која вклучува земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзаа на измена на прописите во согласност со барањата.
„Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се бори против растечкото затајување данок и редовно се ажурира.
Девет „јурисдикции“ се уште се наведени како „некооперативни“, како што се Американска Самоа, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, американските Девствени Острови и Вануату.
Ангвила, Доминика и Сејшелите сега се наведени како јурисдикции кои се уште не се во согласност со сите меѓународни даночни стандарди, но се посветени на принципите на добро даночно управување.
Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај исто така се додадени на „сивата листа“, додека Австралија, Есватини (поранешен Свазиленд) и Малдиви се отстранети од неа по реформата на нивните даночни системи.https://nezavisen.mk/eu-ja-stavi-makedonija-na-sivata-lista-na-danochni-raevi/