fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

ЕУ планира да забрани плаќање во готово за износ над 10.000 евра

Забраната ќе биде дел од пакетот предлог закони против перење пари што комисијата планира да ги претстави во јули.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање во готово за износ од над 10 000 евра, соопшти комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Зидојче Цајтунг”.

– Разговараме за горна граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џеб. Повеќето луѓе не го прават тоа, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлог закони против перење пари што комисијата планира да ги претстави во јули.

Мекгинис вели дека, со поддршка на членките, сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

– Таа ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.https://www.slobodenpecat.mk/eu-planira-da-zabrani-plakane-vo-gotovo-za-iznos-nad-10-000-evra/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close