fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Еве кој може да биде корисник на неповратни 20 000 евра

Еве кој може да биде корисник на неповратни 20 000 евра

 

Според упатсвото за корисници  за мерката 113 од Програмата за финансиска поддршка ма руралниот развој во 2020 година еве кој се може да аплицира за оваа помош.

Поддршката за поттикнување на земјоделско производство се доделува за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Согласно член 67-а од Законот за земјоделство и рурален развој, поддршката по Мерка 113 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

Корисници

Поддршка за поттикнување на земјоделското производство се носители на земјоделско стопанство запишани  во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

 Физички лица:

-Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;

– Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;

-Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се  занимава со земјоделство како дополнителна дејност;

– Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;

–  Трговско друштво – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Носителот на земјоделско стопанство треба да биде на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

Критериуми кои треба да ги исполни барателот 

Семејното земјоделско стопанство да биде запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од членот 15 од Законот за земјоделство и рурален развој,

На денот на поднесување на барањето за помошта, носителот на семејното земјоделско стопанство да нема повеќе од 40 години и

Семејното земјоделско стопанство да не користело помош од мерката 112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност која се спроведува согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој.

Висина на поддршка

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 1.200.000,00 денари.

 

Начин на финансирање општи принципи

Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година. Корисникот на Програмата, во целост е одговорен за реализација на инвестицијата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. Корисникот на средства по Мерка 113 може да поднесе барања по други мерки од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Постапка за избор на корисници

Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 113. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на расположливите средства.

-Доколку корисникот е невработено лице за период поголем од две години до датумот на поднесување на барањето; 15 бода

-Доколку 80% од вкупната вредност на инвестицијата се однесува на изградба и/или опремување на затворени/заштитени простори и/или објекти, како и други комерцијални објекти, вклучувајќи внатрешна и надворешна инфраструктура во рамките на земјоделското стопанство со цел за извршување на земјоделското производство и/или опрема за преработка на производи од растително или животинско потекло; 30 бода

-Доколку корисникот е индивидуален земјоделец регистриран според Законот за вршење земјоделска дејност; 10 бода

– Доколку корисникот е запишан како носител на земјоделско стопанство на денот на поднесување на барањето; 10 бода

– Доколку корисникот во деловниот план покаже сопствено финансиско учество од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата; 20 бода

– Доколку корисникот има завршено образование од областа на земјоделството; 5 бода

– Доколку корисникот е член на земјоделска задруга и 5 бода и

– Доколку корисникот е жена со место на живеење во рурални подрачја  5 бода.

Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за поддршка за поттикнување на земјоделско производство е 100 бодови. За да биде прифатлив, корисникот за поддршка за поттикнување на земјоделско производство треба да добие најмалку 60 бодови.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close