
Агро бизнисВестиВиноТоп вести
Еве што кажа Трипуновски – дали ќе има слободен извоз на грозје од нашите лозари?
Се спремаат Законот за жестоки пијалоци и измени на Законот за вино
Министерот Цветан Трипуновски запрашан – Дали ќе има слободен извоз на грозје?, денеска кажа;
„Ние како министерство ќе бидеме на располагање да го помогнеме процесот на секој еден кој што ќе чувствува потреба дека треба да извезува грозје – секој еден купец надвор од државата или секој од домашните откупувачи кој што сака да пласира надвор, МЗШВ ќе биде ставено на располагање да им помогне во делот на исполнување на условите, односно добивање на една таква дозвола.“
Ова го истакна министерот Цветан Трипуновски кој денеска гостуваше во Дневникот на КТВ – Кавадарци каде што разговараа за
-откупната цена на двете најзастапени сорти на винското грозје е дефинирана според законските одредби;
-државниот инспекторат за земјоделство спроведува засилени контроли;
-ќе има нулта толеранција на нерегуларности при откупот на грозје;
–работиме на Законот за жестоки пијалоци и измените на Законот за вино, со што ќе се решат сите отворени прашања од минатото, истакна Трипуновски.