fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Фактор-Имаме ли доволно храна ако избие војна-и нашите министерства се спремаат за набавка на количини

Вучиќ јасно кажа што купува

Надлежните министерства деновиве се консултирале за набавка на дополнителни прехранбени производи за земјава со кои би се надополниле стоковите резерви, а што би се направило со цел нашата држава да биде побезбедна во снабдувањето со храна во случај да ескалираат состојбите на релација Русија – Украина објавува Фактор.мк.

Ова е одговорот кој Фактор го доби од Министерството за финансии, под чија капа е Дирекцијта за стокови резерви, која е надлежна за управување со потребните количина храна за земјава кои се чуваат за „црни денови“.

За разлика од нашите власти кои не образложуваат конкретно и прецизно што прават на планот на обезбедување на потребни резерви со храна доколку дојде до избувнување на војна од која стравува целиот свет, српскиот претседател Александар Вучиќ тоа го кажа многу прецизно за тамошните медиуми.

Тој рече дека властите во таа земја нарачале 30 милиони килограми сол, еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво се уште се необезбедени.

Фактот праша во Министерството за финансии дали нашата Влада подготвува резерви во прехранбени и други неопходни продукти, со цел да обезбедиме доволно количини доколку избие воен конфликт меѓу Русија и Украина, по примерот на соседна Србија, односно претседателот Александар Вучиќ, кој веќе има нарачано милиони килограми сол, брашно, млеко во прав и сличнни производи. Се интересиравме и дали МФ може да ни даде детали дали и какви нарачки се прават, која количина, кои производи, по кои цени и кога би пристигнале во земјава.

 

Од МФ со одговор кој би можел да се парафразира дека не би требало како јавност да се грижиме, но не даваат премногу прецизни детали. Велат и дека се прават консултации за надополнување на резервите, а за тоа имало и доволно буџетски средства за оваа година.

„Стоковите резерви располагаат со доволни количини на прехранбени стоки, a дополнително и на страната на понудата на пченицата како стратешки производ нема ограничување.

Надлежните министерства во моментов вршат консултации за набавка на дополнителни количини на стоки во стоковните резерви.

Во буџетот за 2022 година повторно се предвидени средства за набавка на дополнителни количини на стоки за дополнување на стоковните резерви, покрај средствата кои се предвидени од сметката за самофинасирачки активности на Агенцијата за стоковни резерви“, се вели во одговорот што го добивме од Министерството за финансии.https://faktor.mk/imame-li-dovolno-hrana-ako-izbie-vojna—i-nashite-ministerstva-se-spremaat-za-nabavka-na-kolichini-vuchikj-jasno-kaza-shto-kupuva

Слични написи

Back to top button
Close