fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаМакедонијаСоветиТоп вести

Тушт – го корнеме и газиме, а е бесплатна храна и лек

Истражувачите откриле дека туштот содржи повеќе антиоксиданси од спанаќот и дека концентрацијата на омега 3 масни киселини е поголема од количината што се наоѓа во некои рибини масла.

Растението кое често се смета за плевел е всушност бесплатна храна и неверојатен природен лек. Затоа излезете надвор и видете што се крие во вашиот двор, а ништо чудно да ви расте и на тераса во саксиите со цвеќиња.

Тушт (Portulaca oleracea) е едногодишно, но многу упорен пиреј кој штом ќе се насели во нашата градина или двор, тешко се отстранува (најчесто се крие под доматите – прво побарајте го таму).Се користел во древниот Египет и древна Хелада, се одгледува во Кина и Индија повеќе од милениум, Французите од него прават различни традиционални јадења и супи… Ние Македонците сме единствените кои го газиме, го корнеме и го фрламе како плевел. Грците, на пример, го додаваат во препознатливата грчка салата, пишува Кајгана.Туштот ќе го препознаете по месестите сочни лисја и жолтите цветови. Неговата репутација како обичен плевел произлегува од фактот што расте во различни услови, од плодно градинарско ѓубриво до неплодни закрпи и карпи. Отпорот на ова растение се рефлектира во тоа што неговите семиња можат да преживеат во почвата до 40 години. Туштот потекнува од Персија и Индија, но денес расте низ целиот свет. Постојат докази кои потврдуваат дека може да се користи за лекување на различни здравствени проблеми.

Истражувачите откриле дека туштот содржи повеќе антиоксиданси од спанаќот и дека концентрацијата на омега 3 масни киселини е поголема од количината што се наоѓа во некои рибини масла. Во полза на ова растение делува и фактот што е погоден за вегетаријанци и вегани.

1. Има шест пати повеќе витамин Е од спанаќот.
2. Има седум пати повеќе бета-каротин од морковот.
3. Има 25 мг витамин Ц (20% од препорачаната дневна доза), магнезиум, калциум, железо, витамин Б2, калиум, фосфор и манган.

Антиоксидансите го подобруваат општото здравје и го зајакнуваат имунитетот. Тие се сметаат за главни помагачи кај срцевите заболувања, артериосклероза, рак, губење на меморијата и губење на видот поврзано со возраста.

Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од ревматоиден артритис, Алцхајмерова болест и деменција, астма, срцеви заболувања и депресија.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close