Фљорим Рустемоски – Земај Тафе-закон е!
Крушевско-Норово -Земјоделието го прифаќам и продолжувам по патот на татко ми и дедо ми, зошто сметам дека со една плата од фабрика, семејство тешко може да го преживее месецот. За подобар живот, мора нешто да се работи плус, а тоа за мене е земјоделието, вели младиот Фљорим за „Зелена берза“.
Фљорим Рустемоски (24), е млад земјоделец од крушевското село Норово, кој се одлучил својата егзистенцијата да ја обезбедува со голем труд и вложување во земјоделието. Младиот земјоделец тргна по стапките на неговите татко и дедо, да ја обработува земјата со тутун и жито.
-Земјоделието го прифаќам и продолжувам по патот на татко ми и дедо ми, зошто сметам дека со една плата од фабрика, едно семејство тешко може да го преживее месецот. За подобар живот, мора нешто да се работи плус, а тоа за мене е земјоделието, вели младиот Фљорим за „Зелена берза“.
Семејството Рустемоски во атарот на Норово и во атарот на Кривогаштани обработува над 10 декари со жито и околу 14 декари со тутун.
-Во нашиот регион најмногу се работи тутун и помалку жито, таква е земјата што не може се’ и сешто да се сади. Садиме тутун, но годинава откупната цена е катастрофална, лани беше убаво. Здравје можеби до година пак ќе биде убаво, ќе видиме. Годинава произведовме од 1300 до 1400 килограми тутун, а лани имавме над 1800 килограми тутун. Воопшто не сме задоволни од откупната цена, годинава го дадовме за помалку од 140 денари просек, нема проценки од прва класа, лани имав 700 кг прва класа. Тоа е, лошо поминавме годинава, добро е што не работевме со аргати, ќе требаше од џебот да ги платиме, вели Рустемоски.
Рустемоски решија да се подноват со трактор Тафе
Семејството Рустемоски годинава го поднови земјоделското стопанство со нов трактор Тафе 42ДИ со 47,7КС.
-Имам ИМТ трактор, и со него ја обработувавме земјата пред да го купиме новиот Тафе тракторот. Се одлучивме за Тафе 42ДИ со 48КС зошто знаеме дека тракторите од оваа марка се доста добри, брзи за орање, и со овој трактор може да се сади тутун, а ние сме тутунопроизводители. Сметавме дека други брендови на трактор нема да ни бидат соодветни на нашата работа. А, Тафе-то ги има сите перформанси како ИМТ и е сосема погоден за нашиот регион, за земјата која што ја обработуваме, вели Фљорим.
Одлуката да се купи трактор од марката Тафе, според младиот земјоделец се надополнува и со можноста тракторот да добие соодветен сервис од стручни лица кои се дел од тимот на „Синпекс“-Битола.
-Еден земјоделец да вложи во нова механизација, значи кога ќе оди на нива да нема проблеми, туку да си ја заврши на време работата. Вложивме во нов трактор бидејќи знаеме дека имаме и стручен сервис на машината на одредени саати. Тоа значи сигурност за нас. Екипата на сервисери од „Синпекс“ доаѓа кај нас дома и ја проверува машината. Во нашето село речиси сите возат Тафе, зошто и да купиш полуксузна марка нема да ти биде од корист. Така разговарав со пријатели и роднини што работат тутун и тие го споделија своето искуство дека Тафе-то е најдобар за нашата работа. Значи ми порачаа – земај Тафе-закон е! Зошто, не се купува трактор само за транспорт, туку да си ја завршиш работата, порачува младиот Рустемоски.
Иако влегува во категоријата млад земјоделец, Рустемоски се уште не аплицирал за мерките на државата за поддршка на младите земјоделци, и досега не успеал да искористи ниту една од мерките за поттикнување на земјоделието кај младите луѓе.
Анета Блажевска