fbpx
Вино

Фондација „Тиквешки вински пат“ – една деценија почит кон виното и развивање на винската култура

 

 

fondacija tikveshki vinski pat edna decenija pochit kon vinoto i razvivanje na vinskata kultura

Пo десет години посветена работа на трасирање и развој на винскиот пат во Македонија Фондацијата „Тиквешки вински пат“ стигна до моментот на првата јубилејна берба на плодови. Тие се разновидни. Првите се поврзани со отворени три значајни објекти во Тиквешијата поточно првиот Музеј на вино во Македонија, првиот туристички информативен центар во Тиквешијата и првиот тренинг центар што за жал во моментов не функционира, но не по вина на Фондацијата.

Други нејзини успешно реализирани проекти на регионот му донесоа уште реновирани и отворени објекти кои ќе можат да се користат во наредните педесет години. Тиквешки вински пат влезе во стратегијата за развој на туризам, во Вардарски плански регион за развој на туризмот како и во општинските планови за локален економски развој .

– Тоа го рачунам како голем успех на Тиквешки вински пат и тоа сакале или не мора да ни го признаат сите бидејќи ние сме зачетници на реализација на целата таа идеја на која посветено работевме во изминатите десет години. За мала фондација каква што сме ние овие објекти чија вредност изнесува 900.000 евра не е мала работа. Во европски рамки ние сме дел од мрежата Пат на виното на Европа и сега Пат на виното на Балканот каде Македонија е лидер, водич на винскиот туризам, рече директорката на Фондацијата,Виолета Јанкова.

Таа веќе има првични информации поврзани со нивниот проект за отворање и на Изложбен центар за вино, промоција и продажба.

– Вгодина очекувам дека ќе работиме и на најголемиот проект од оние што досега сме ги работеле. Проектот како приоритет го избраа градоначалниците. Се разбира дека ние го подготвивме и ќе ја поседува формата на конзорциум. Со реализацијата на овој проект, во наредните три до четири години, за да се досреди регионот во насока на вински туризам од кој бенефит ќе имаат граѓаните, локалното население, винариите и сите што се занимаваат со туризам, рече Јанкова.

На свеченоста што Фондацијата ја организираше по повод првата деценија од постоењето беа промовирани 10 нови производи за кои ќе бидат организирани и тест тури. Најинтересени беа гастрономските. Фондацијата ќе организира тест тури и ќе ги промовира сите кои освен за македонската традиционална храна ги содржат и процесот на производство на вина, риба и друго.

Тагови

Слични написи

77 Comments

  1. Cuando olvide la contraseña para bloquear la pantalla, si no ingresa la contraseña correcta, será difícil desbloquear y obtener acceso. Si descubre que su novio / novia sospecha, es posible que haya pensado en piratear su teléfono Samsung para obtener más pruebas. Aquí, le proporcionaremos la mejor solución sobre cómo descifrar la contraseña de un teléfono móvil Samsung.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close