fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Вино само во кафана, за карантин цигари и храна: коронавирусот ја намали продажбата на вина

Иако многумина ќе помислат дека продажбата на алкохолни пијалоци кај нас за време на воведувањето на карантинот поради пандемијата со коронавирусот е зголемена, бројките според нашите истражувањето покажуваат дека македонските винарии претрпува пад на продажбата за околу 70%.

– Затворањето на угостителските објекти значително се одрази на продажбата на вино. Значителен удел во овој процент има сегментот на угостителски објекти каде падот е 100%, а останатото се должи на пад на потрошувачката во останатите канали на продажба, вклучувајќи ги и супермаркетите.Мерките за социјално дистанцирање оневозможуваат луѓето да се собираат и дружат на заеднички ручеци или вечери кога најчесто се консумира вино. Навиките на потрошувачите се такви што најчесто се консумира вино за весели поводи и заеднички прослави. Кога таквите веселби ги нема, нема ни причини за купување вино ниту за подарок, ниту за консумација со храна со пријатели, велат од винаријата „Тиквеш“.

Од таму ни обајснија дека и по воведувањето на онлајн продажба и достава до дома, тоа не предизвикало зголемување на потрошувачката на вино и своевидна амортизација на намалената продажба во угостителските и малопродажните објекти.

-Во услови кога движењето е ограничено, винаријата „Тиквеш“ воведе можност за нарачки на вино по телефон и достава до дома со цел да одговори на новонастанатата состојба. „Тиквеш“ тоа го прави преку својата дистрибутивна мрежа која има можност да доставува и во текот на полицискиот час. Засега ваквата можност потрошувачите многу малку ја користат, објаснуваат од винаријата.

И од винаријата „Chateau Kamnik“ велат дека бележат пад на продажбата на вина.

-Имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот, која никого не поштеди, претставниците од винскиот сектор исто така се засегнати. И нашата винарија „Chateau Kamnik“ се најде на удар на ефектите на глобалната криза така што бележиме значаен пад на продажбата на своите производи и тоа за околу 45 отсто. По иницијалниот шок во март пополека се навикнуваме на онлајн продажбата преку е-продавницата wine.mk. Можноста преку онлајн продажбата и доставата до дома беше важен чекор да им овозможиме на сите љубители на вино да имаат можност да го добијат виното кое не можат да го најдат во продавниците или во рестораните кои веќе подолго време не функционираат, велат од „Chateau Kamnik“.

Според статистиката на ДЗС во март забележан е раст во трговијата на мало

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2020 година, во споредба со март 2019 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3.5 %, а реално за 1.8 %).Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Извор:локално.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close