fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Форум за земјоделска политика денеска и утре во Охрид

Клучните предизвици и перспективи со кои се среќава аграрниот сектор во регионот, со посебен осврт на приклучувањето кон ЕУ, иновациите и климатската издржливост, ќе бидат во центарот на вниманието на 25-тиот форум за земјоделска политика, кој ќе се одржи во Охрид.

Клучните предизвици и перспективи со кои се среќава аграрниот сектор во регионот, со посебен осврт на приклучувањето кон ЕУ, иновациите и климатската издржливост, ќе бидат во центарот на вниманието на 25-тиот форум за земјоделска политика, кој ќе се одржи во Охрид. Организатор на овој собир е Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Темата на овогодишното издание гласи: „Насочување кон интеграција во ЕУ и влијанието на климатските промени врз земјоделството: Обезбедување иднина за нашите земјоделци и храна во Југоисточна Европа“.

Покрај пленарните сесии, Форумот ќе биде домаќин и на три тематски работни групи кои ќе се фокусираат на органско производство, прилагодување кон климатските промени во земјоделството и развој на земјоделските политики.

Дополнително, преку изработка на политичкиот документ со кратки препораки „APF Охрид Агенда 2025“, Форумот има за цел да постави основа за дискусија на претстојниот состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, планиран за крајот на септември 2025 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close