Фото галерија: Зелена берза во посета на „Еленов гребен“, Словенија
„Кај нас утрата се поинакви“ веќе некое време ова е слоган на економијата „Еленов гребен“ во Словенија. Во овој слоган се увери и Зелена берза при неодамнешната посета. Место каде спојот на убавото со практичното создал простори за подеданкво уживање и рај за сите човекови сетила. Одличен пример, како со добра идеја и јасна визија за бизнис може да се направи одлична туристичка понуда. Природен резерват каде подеднакво може да се ужива во природните убавини, одблизу може да се дружите со елени и срни, а и да се ужива во традиционална храна и пијалоци. „Еленов гребен“ претставува туристичка атркација која години наназад надополнува нова туристичка понуда.
Се наоѓа во близина на манастир на сртот Рудница,на површина од 8 ха заедно со третата најстара аптека во Европа.
Бизнисот го почнал 18 годишниот Борут Јежовник. Полн со енергија и нови идеи, со јасна визија и, се разбира, со поддршка на семејството, ја создал вистинската туристичка бајка.
Прво продавале говеда, купиле 75 елени од Бриони – од Хрватска. Потоа се занимавале со одгледување габи – печурки со нивно конзервирање и преработка. На местото од шталите изградиле гостилница, а на гостите никогаш не им било досадно.
Бидејќи посетителите овде секогаш се чувствувале убаво и сакале да останат уште некој ден, биле изградени дополнителни соби и апртмани.
Пансионите »Ребека« и «Каролина» биле именувани по имињата на првите две ќерки. И бидејќи зад секој успешен човек стои успешна жена, и овде не било поинаку. Куќата ја крепела жена. Асунта, која имала три ќерки, најмладата Лара. Заедно со нивниот дедо Иван и мајката Аница, биле заглавени во секојдневните работи, се’ со една цел – да ги задоволат барањата на гостите.
Секој на свој начин придонесувал секој посетител на „Еленовиот гребен“ да се чувствува добредојден. Клучот на успехот бил, да се слуша гостинот, и од тој аспект на развој, за секоја идеја се наоѓал соодветен и компетентен кадар. Семејствот Јежовник го помагаат 20 вработени членови, без кои не би било толку успешно.
Бидејќи гостите сакале да понесат по нешто оттаму, на гребенот развиле и трговија на домашни производи, со што денес има развиено цела линија на деловни подароци.
Во 2009 година наместо лозје подигнат е овоштарник со стари сорти на јаболка. Покрај него има и простор за спортски активности и свечени настани каде може да се забавуваат 150 гости.
„Што е ново оваа година? “ е прашањето што го поставуваат гостите кои повторно се враќаат да го посетат ова место, што за сопствениците е најголемиот можен комплимент.
Павлина Јовановска
Зелен берза