fbpx
ВестиМакедонија

Гасификацијата и обиколницата во Ресен, ќе овозможат поголем развој на Преспа

Министерот Благој Бочварски во посета на Општина Ресен

Проектирањето на обиколницата во Ресен и гасоводниот крак од Битола до Охрид, преку Ресен се двата најзначајни инфраструктурни проекти за Преспанскиот регион на кои работи Министерството за транспорт и врски, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на Општина Ресен.

По завршување на проектирањето на обиколницата, нагласи тој, проектот ќе влезе во програмите на Јавното претпријатие за Државни патишта.

– Проектирањето на обиколницата во Ресен, кое е во тек, е многу значајно патно поврзување и со тоа ќе направиме уште подобра можност за развој на Ресен, тешките товарни возила нема да влегуваат во градските улици. Веднаш по завршувањето на проектирањето, проектот ќе влезе во во програмите на Јавното претпријатие за Државни патишта, истакна Бочварски.

Второто важно прашање за Преспанскиот регион, нагласи тој, е гасификацијата, на која ќе биде приклучен и Ресен.

– По завршувањето на кракот на гасоводот до Битола, ведна почнуваме со проектирање на кракот од Битола до Охрид, со што ќе го поврземе и Ресен. И Општина Ресен ќе биде приклучена на овој прстен во државата, што е значаен за гасифицирање на сите општини и сите градови. А дотогаш општината и државата се подготвуваат за избор на приватен партнер, преку јавно приватно партнерство за гасификација на сите градови, рече министерот.

Покрај за овие два големи капитални проекти за регионот, на средбата со градоначалникот Живко Гошаревски било разговарано и за други инфраструктурни проекти значајни за Преспа, како реконструкцијата на водоводната и канализациска мрежа, автопатското решение Прилеп – Битола, реконструкцијата на патот преку Галичица до Охрид….

– Патната врска е многу значајна, Владата го почна првото големо автопатско решение од Прилеп до Битола, што е од големо значење за Преспанскиот регион. Во наредниот период ќе работиме на изработка на проектни документации за отпочнување проектирање и градба со што целиот регион ќе добие автопатско поврзување. Паралелно со тоа го решивме и првиот дел од кракот од коридорот 10Д, со замена или асигнација и преземање на договорот од една на друга компанија и очекуваме во текот на пролетта отпочнување на активностите на делот од Градско кон Дреново. Работиме на ретендерирање и на делницата Дреново – Фариш и реконструкција на превојот Плетвар, изјави Бочварски.

Во Ресен, додаде тој, привршува реконструкцијата на целата водоводна мрежа во централното градско подрачје.

– Се работи во завршна фаза на поставување на куќните приклучоци, со тоа затвораме еден поголем проект од над 42 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски и решаваме едно многу значајно прашање со замена на старите азбесни цевки во Општина Ресен, истакна Бочварски посочувајќи дека продолжуваат со друг проект за водоводи и канализации во општината.

Градоначалникот на Ресен Гошаревски го инфирмирал ресорниот министер дека и во тешки услови на пандемија, општината успеала да реализира значајни капитални проекти.

– Денештата посета само ја потврди нашата одлична соработка со Министерството за транспорт и врски и Владата. Го известив министерот дека во тежок период со ковид кризата ние успешно завршивме капитални проекти, кои живот значат за сите граѓани. Со поддршка од Владата на добар пат сме да ја разбудиме заспаната убавица Преспа, рече Гошаревски. https://www.biznisvesti.mk/bochvarski-gasifikatsijata-i-obikolnitsata-vo-resen-ke-ovozmozhat-pogolem-razvoj-na-prespa/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close